Ерата на Јука Тојала во естонската репрезентација заврши откако тој одлучи да се повлече од селекторската позиција и да му го отстапи место на досегашниот асистент Хајко Ранула.
Оваа информација е важна за македонската репрезентација бидејќи Естонија е еден од ривалите во квалификациите за претстојното Европско првенство. Македонија доживеа пораз од Естонците на домашен терен, но шансите за пласман на Еуробаскетот не се загубени по победата против Полска на гости. Тојала беше селектор на Естонија од 2019 година и ја предводеше селекцијата на сите претходни дуели против Македонија во кои нашата репрезентација оствари само една победа.
Ранула има 41 година и селекторската позиција ќе му биде втор ангажман бидејќи од 2022 година е тренер на Калев Крамо со кого две сезони во низа е шампион на Естонија. Претходно работеше во Парну, а беше и селектор на естонските репрезентации до 18 и 20 години.
Договорот меѓу Кошаркарската федерација на Естонија и Ранула е потпишан на едно година, до летото 2025. Своето деби, Ранула ќе го забележи во ноември, во квалификациските дуели против Полска и ако победи на двата меча, ќе обезбеди пласман на Европското првенство.


