Репрезентацијата на Естонија приреди изненадување и на домашен терен го совлада првиот фаворит во нашата група Литванија.
Естонците славеа со 65-59 и делумно ни го уништија задоволството по триумфот во Полска бидејќи остана предноста од една победа во нивна корист. Литванија е без своите најголеми ѕвезди кои настапуваат во НБА, па по голема борба го положи оружјето пред Естонија која со ова направи голем чекор кон пласман на Европското првенство.
Во ноемвриските квалификации, Македонија два пати ќе игра со Литванија, а Естонија два пати со Полска. Поради нашиот пораз во првото коло, ќе ни биде потребна мала услуга од Полска, за да останеме во игра за учество на континенталниот шампионат.


