Поради семејната трагедија, Зек Ледеј не беше во тимот на Партизан на последните три натпревари од Евролигата на кои „црно-белите“ претрпеа два пораза и се оддалечија од местата кои водат во разигрувањето за титулата.
Денеска се врати во екипата и е најзаслужен што Партизан славеше во најважниот меч во борбата за второто место во АБА лигата. Бранителот на титулата во регионалното натпреварување го победи Будуќност во Подгорица со 89-83, на крилјата на американското крило кое одигра извонреден меч.
Не само што беше најефикасен со 22 поена, туку пет од нив постигна во моментите кога се кршеше резултатот и се одлучуваше победникот. Прво на 82-81 за Партизан погоди флоутер, а откако домаќините го реализира следниот напад, на 31 секунда пред крајот, Ледеј постигна тројка за +4, шок од кој Будуќност не успеа да се рехабилитира.
Со тоа, на коло пред крајот Партизан го обезбеди најмалку второто место, а освојувањето на првото е сведено на теорија бидејќи за да се случи тоа, Црвена Звезда треба да ги изгуби двата преостанати меча.


