Екипата на Пелистер поведе со 2-0 во четвртфиналето од домашниот плејоф против Еуро Никел, по вечерашниот триумф против Еуро Никел со 90-85.
Битолчани доминираа во текот на целиот мел, но малку недостасуваше да направат од готово-вересија. Имаа предност и со 19 поени разлика, а Еуро Никел во финишот доби можност со тројка да го израмни резултатот и да се избори за продолжение.

По кошот на Маслинко на нешто повеќе од две минути пред крајот, Пелистер поведе со 84-71 и се чинеше дека работата е завршена. Следуваше шутерско шоу на кавадарчани, три тројки од кои две на Смит Меквен и една на Дубински, плус Дубински беше фаулиран шри шут за тројка, па на 20 секунди пред крајот гостите дојдоа на 85-88. Во следниот напад Лука Стојановски промаши две слободни фрлања и Младеновиќ доби шанса да го израмни резултатот, но беше непрецизен од дистанца и победата му припадна на Пелистер.
Костовски беше прв стрелец на Пелистер со 25 поени, Маслинко додаде 21, а Планиниќ 15. Кај Еуро Никел, сите од стартната петорка беа двоцифрени, а најмногу постигна Дубински – 23.


