Поранешниот шампион на Македонија ќе игра во следната фаза од Купот на македонија откако денеска беше подобар од дебитантот Чаир со 87-79.
Многу интересен тек имаше овој натпревар, а Чаир не го искористи фактот што противникот подоцна „влезе“ во игра. Во првата четвртина Чаир имаше дури 13 поени предност (26-13), но не успеа да ја сочува.

Еуро Никел постепено ја намалуваше високата негатива, за на полувреме да стигне до израмнување (47-47). Во натамошниот дел од натпреварот се играше максимално израмнето, ниедна од екипите не успеа да направи повисока предност, па победникот се решаваше во последната минута. На 65 секунди пред крајот, на семафорот стоее 79-78 за Еуро Никел со серија од 8-1 да го скрши Чаир и да дојде до победата која го носи во полуфиналето.
Смит Меквен со 28 поени и 9 скока беше најдобар играч на мечот. Кај Чаир, Роби постигна 20 поени, но Ваљмир Какруки оствари дабл дабл со 17 поени и 15 скока.


