Евролига летово работеше на развивање на проектот за иднината на натпреварувањето и во тек е потрага по инвеститори кои ќе помогнат во таа насока.
Наводно, две големи компании изразиле подготвеност да влезат во Евролига како малцински сопственици, но претходно, дозвола за тоа треба да дадат клубовите акционери. Евролигата би продала 40% од својата за сопственост за сума од 400 милиони евра што би бил голем и важен чекор кон развојот на овој бренд.
Одлуките во Евролига се носат едногласно што значи дека за ова треба да гласаат Барселона, Реал, Басконија, Панатинаикос, Олимпијакос, Фенербахче, Анадолу Ефес, Олимпија Милано, Макаби, Асвел, Баерн, Жалгирис и ЦСКА.
Наскоро ќе бидат издадени новите лиценци на 15 години, а ќе има и краткорочни, таканаречени Б-лиценци на три години на кои се надеваат српските претставници Партизан и Црвена Звезда.


