Аргентинскиот репрезентативец Факундо Кампацо утре ќе игра против Партизан откако Евролига денеска ја прифати жалбата на Реал и ја поништи жалбата на плејмејкерот на „кралскиот клуб“.
Кампацо беше суспендиран на еден натпревар и парично казнет со 5.000 евра поради непримерно однесување и дивеење во финишот од дуелот со Баерн во првото коло од елитното натпреварување. Реал веднаш вложи жалба, а на еден ден пред мечот со Партизан, таа е прифатена.
„Реал се жалеше, а Апелацискиот суд му дозволи да игра и неговата казна е намалена“, пишуваат европските медиуми.
Евентуалното неиграње на Кампацо ќе беше голем проблем за Реал кој новата сезона ја почна мошне лошо и по првите пет меча има три порази.


