Црвена Звезда минатата недела претрпе два пораза во Евролигата, двата минимални, но со тешки последици по финансиите на клубот.
Актуелниот АБА и српски шампион имаше многу забелешки на судиите во нивниот пораз во Литванија, а својот гнев го изразија преку изјавите за медиумите. Како последица на судењето во Каунас, два дена подоцна во Белград беше истакнат огромен транспарент со навреди кон Евролига и судиите поради што предизвика доцнење и прекин на натпреварот. Сето тоа придонесе дисциплинската комисија жестоко да ја казни Црвена Звезда со сума од 74.500 евра, што за кошаркарски услови во Европа се многу пари.
Парично се казнети се неколку играчи, претседателот и клубот. Казната за Црвена Звезда како клуб е 32.500 евра поради однесувањето на навивачите на дуелот со Панатинаикос и уште 10.000 евра за јавно коментирање на работата на судиите на дуелот со Жалгирис, преку официјалната интернет страница каде немаше класичен извештај, туку навреди и критики на судиската тројка. Поради коментарите за работата на судиите, казнети се уште: Лука Митровиќ со 7.000 евра, Немања Недовиќ два пати по 5.000 и Никола Калиниќ со 5.000 евра, а претседателот Жељко Дрчелиќ со 10.000 евра.
Казната доаѓа во период кога Звезда се наоѓа во серија од четири поразви во Евролигата како последица на што падна во долниот дел од табелата.


