НБА се подготвува да им понуди на инвеститорите нова европска лига, со проценки дека вредноста на тимовите би можела да достигне 1 милијарда долари, објави Блумберг.
Во наредните денови, НБА ќе обезбеди детали за лигата, обезбедувајќи им на инвеститорите финансиски проекции и други клучни информации. Комесарот на НБА, Адам Силвер, ќе присуствува на натпреварите од регуларната сезона во Лондон и Берлин.
Се очекува проектот НБА Европа да вклучува 12 франшизи, а уште четири тима ќе се квалификуваат за натпреварувањето. НБА би задржала 50 проценти од уделот во лигата, додека ФИБА и сопствениците на клубовите исто така би имале удел во новата лига.
Планирана е конференција за средината на јануари во Лондон за раководителите на НБА да се сретнат со потенцијални спонзори, медиумски партнери и инвеститори. Постојните сопственици на клубови од НБА изразија интерес за купување удели во европски клубови.
Ако се знае дека Евролига на освојувачот на титулата му нуди премија од 1,75 милиони евра, јасно е дека борбата со НБА Европа е однапред загубена.


