Новинарот на ЕСПН, Стивен Смит ги потцени кошаркарите во НБА кои доаѓаат од Европа, тврдејќи дека никогаш нема да ја имаат славата на домашните, односно да бидат лицето на лигата.
Од 2018 година ниеден Американец не бил МВП во НБА, еднаш признанието го освои Ембид, но тој е роден во Камерун иако на Олимписките игри играше за САД. Трендот ќе биде продолжен и оваа сезона бидејќи во најтесна конкуренција се Србинот, Никола Јокиќ и Канаѓанецот, Шеј Гилџес Александер. Во лигата се уште неколку европски суперѕвезди како Дончиќ, Адетокунбо, Вембанјама итн., но за Смит тоа нема голема важност.
„Не верувам дека еворпските кошаркари можат да бидат заштино лице на НБА. Знам дека се тие глобални ѕвезди и икони и дека нивната популарност се шири на планетата, но НБА е чисто американски спорт“, изјави Смит, додавајќи дека би сакал Ентони Едвардс да биде најдобар играч во светот.
Во овие зборови на еден од најпознатите американски новинари има вистина, но тој свесно го занемарува фактот дека од година во година е се поголем бројот на странски кошаркари во НБА, последните две сезони како први пикови беа бирани Французи, а најголемите ѕвезди во лигата се длабоко навлезени во четвртата, па и петтата деценија од животот.


