Дебитантот во Евролигата, Париз ја оствари првата победа во елитното натпреварување во својата историја и тоа против актуелниот европски првак Панатинаикос.
На крилјата на Ти Џеј Шортс, Париз славеше со 84-80 и го врати она што му беше одземено во првите два меча во елитното натпреварување во кои имаше убедлива предност, а сепак губеше. ПАО подобро го почна мечот, но домаќините ја презедоа контролата над резултатот на средина од првата четвртина и ја одржаа до крајот. Највисоката предност изнесуваше 16 разлика, во третата четвртина по што Панатинаикос не успеа да направи пресврт иако на седум секунди пред крајот се доближи на 80-83. Шортс беше втор стрелец во својот тим со 16 поени, но и прв асистент со 7 додавања за индекс 17.
За разлика од Шортс, Ненад Димитријевиќ со Олимпија Милано доживеа дебакл на гостувањето кај Олимпијакос со 68-89. Нашиот кошаркар постигна шест поени, но без прв асистент со седум додавања, плус пет скока за индекс 12, втор највисок кај Олимпија Милано.
РЕЗУЛТАТИ
Асвел – Алба 84-79
Фенербахче – Црвена Звезда 57-76
Макаби – Анадолу Ефес 93-91
Олимпијакос – Милано 89-68
Басконија – Реал 76-72
Париз – Панатинаикос 84-80
Виртус – Жалгирис 68-71
Партизан – Баерн 86-78


