Втора година по ред, У16 Европското првенство Б-дивизија ќе се одржи во Скопје и тоа ќе нова можност за машката македонската кадетска репрезентација да обезбеди пласман во елитната конкуренција.
ФИБА ѝ ја додели организацијата на Кошаркарската федерација на Македонија, а шампионатот ќе се одржи од 7 до 16 август. Во исто време во Истанбул ќе се игра Европското првенство А-дивизија во оваа конкуренција.

Претстојното лето единствена македонска репрезентација која ќе игра во А-дивизијата ќе биде јуниорската. Континенталниот шампионат во оваа категорија е на програма од 26 јули до 3 август, а домаќин ќе биде Белград. Младинската (М20) селекција по една година во елитата се враќа во Б-дивизијата и ќе се натпреварува на шампионатот во ерменската престолнина Ереван од 11 до 20 јули.


