Македонската кошаркарска репрезентација на 30 август ќе го одигра квалификацискиот натпревар против Австрија во рамки на претквалификациите за Евробаскет 2029, а македонската дијаспора во Виена организира поддршка за националниот тим.
„Македонска Фаланга – Виена“ упати повик до сите Македонци од австриската престолнина и околината да се придружат на навивањето и заеднички да создадат атмосфера во чест на репрезентацијата. Натпреварот меѓу Австрија и Македонија е закажан за недела, 30 август, со почеток во 16:05 часот, а ќе се игра во Спорт арената во Виена од 16:05 часот. Собирот на македонските навивачи е предвидено еден час пред почетокот на натпреварот, односно во 15:00 часот, пред салата.
Организаторот одамна објави дека билетите се пуштени во онлајн продажба и чинат од 25 до 129 евра.
Од „Македонска Фаланга – Виена“ ги повикаа навивачите да понесат македонски знамиња и навивачки реквизити и во што поголем број да застанат зад националниот тим.
Целта е македонските кошаркари да добијат силна поддршка од трибините и во Виена да се создаде вистинска македонска навивачка атмосфера.


