Јасно е дека МКК Куманово ќе ја има поддршката од речиси цела сала вечерва во финалето од Купот на Македонија, но и МЗТ Скопје нема да биде сам во обидот да дојде до 14. трофеј во ова натпреварување.
Од навивачката група „Фемили Аеродром“ се најавени околу 200-250 фанови кои тргнуваат кон Куманово да го бодрат својот омилен тим. И претходните два дена навивачи на МЗТ Скопје беа на трибините во Спортската сала и заедно со кошаркарите ги прославија победите против Работнички и Кожув.
„Сакаме да им се заблагодариме на домаќините и организаторите на завршниот турнир од Купот на Македонија за нивниот однос кон нашите навивачи. Ни излегоа во пресрет на сите три натпревари, а за вечерва ни обезбедија гратис влезници за сите кои дојдоа да не бодрат. Им посакуваме среќа на двете екипи и нека победи подобриот, а на навивачите да направат добра атмосфера, каква што само тие знаат“, изјавија од МЗТ Скопје за КОШ.МК.
„Фемили Аеродром“ нема дилеми кога станува збор за освојувачот на трофејот во Купот и само порача: Одиме по 14-ката!.


