Македонската У17 репрезентација оствари убедлива победа на почетокот од меѓународниот турнир што се одржува во Букурешт.
Во првото коло, нашите млади кошаркарки ја победија Молдавија со 95-27, демонстрирајќи ретко видена моќ за една наша селекција. Иако уште по првата четвртина (24-5) беше јасно како ќе се движи натпреварот, се беше решено меѓу вториот и третиот период кога Македонија направи серија од 20-0 и отиде на 64-18. Се до крајот беше само рутина за нашите кошаркарки од кои дел ќе настапат на претстојното Европско првенство Б-дивизија.
Колева, Груевска и Карајанова со по 17 поени ја предводеа македонската репрезентација. Сепак, вистинскиот тест за нашиот квалитет ќе биде утрешниот меч против Грција, во 16 часот.


