Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски на прекрасен начин ја почна новата сезона во која ќе биде член на Наполи откако лани играше за Тренто.
Тимот од Неапол во првото коло од Лега Баскет ја совлада Максима Рома со 94-75, а Јакимовски одигра извонреден натпревар. Откако се најде во стартната петорка, на теренот помина 24 минути и за тој период постигна 16 поени со кои заврши како втор стрелец во својата екипа, зад Џеф Даутин (19 поени).
Наполи ја имаше втората најубедлива победа во воведното коло од италијанското првенство, зад Удине кој го совлада Скафати со 87-63.


