Екипата на Фенербахче е на добар пат да го врати приматот во турската кошарка бидејќи по првите два меча од финалната серија води со 2-0.
Да биде уште поинтересно, „жолто-сините“ ги добија првите два меча како гости, па на третиот дуел, пред своите навивачи ќе имаат можност да дојдат до 11. шампионска титула во историјата. Вториот дуел, одигран вечерва, му припадна на Фенер со 101-70, а Анадолу Ефес во ниеден момент не личеше на достоен ривал кој може да му ја загрои победата на противникот.
Сезоната во Турција може да заврши веќе в понеделник кога во Улкер арената, Фенербахче ќе го пречека Анадолу Ефес.


