Втора година по ред, екипата на Феникс е освојувач на шампионската титула во конкуренција на кошаркари до 12 години.
Во финалето од завршниот турнир што викендов се одржа во Велес, У12 екипата на Феникс го победи Водно Санс со 93-82 и го одбрани пехарот со што ја потврди фаворитската улога. Тимот од Гази Баба постојано беше во водство, во третата четвртина и со 50-35, но Водно Санс нешто подоцна се доближи на само пет поени разлика (53-58). И покрај тоа, Феникс не дозволи целосен пресврт, ја сочува предноста и дојде до нов трофеј.
Калин Василов со 33 поени беше најефикасен во победничкиот тим. Бронзениот медал му припадна на МЗТ Скопје кој во „малото“ финале беше подобар од Борец со 50-40.


