Поранешниот финалист во Купот на Македонија, Феникс го обезбеди 24-годишниот Благој Димитриев за претстојната натпреварувачка кампања.
Центарот од Струмица потпиша договор на уште една година и се очекува да биде еден од главните играчи во составот на Денис Дервишевиќ. Минатата сезона тој одигра 22 натпревара со просек од 4,6 поени, 2,1 скока и 0,5 асистенции.
Во кампањата што претстои Димитриев ќе има поголем простор за игра бидејќи во пензија замина Бојан Трајковски кој беше еден од носителите на играта на Феникс.


