Иако пред околу две недели си замина од Хапоел Тел Авив, американскиот кошаркар Џонатан Мотли не може да добие документи од клубот, а ФИБА му забрани еднострано да го раскине договорот.
Мотли се повика на една клаузула која вели дека може да си замине во случај на војна, каква што во моментов се води во Израел, но фактот што тој нема обврска да се натпреварува во домашното првенство, туку само во Еврокупот, а екипата како домаќин игра во Бугарија, беше клучен ФИБА да не го прифати неговото барање. На сето тоа се огласи сопственикот на Хапоел, Офер Јанај кој поднесе докази дека Мотли претходно разговарал со Црвена Звезда и затоа е неговото бегство. Сепак, во меѓувреме како заинтересирани за него се јавија и Фенербахче, Дубаи, Макаби, па дури и Реал Мадрид. Уште една работа која беше клучна за одлуката на ФИБА е случајот со Мотли да не стане практика за кошаркарите кои настапуваат во Израел и Русија и тие да избегаат од клубовите кога ќе посакаат, а притоа да се повикаат на „воени услови“.
Сега Мотли ќе мора да се врати во Хапоел што нема да биде лесно бидејќи претседателот и сопственик изнакажа многу работи за него, а тренерот Дедас минатата недела рече дека повеќе не смета на центарот.


