Исклучително неатрактивен беше вчерашниот натпревар меѓу Естонија и Летонија, во рамките на второто коло од Европското првенство.
Летонците како домаќини славеа со 72-70, но во последната четвртина како да имаше капак на двата коша. Тие десет минути завршија со резултат 9-9, а првите поени ги постигна летонската репрезентација по пет минути и 17 секунди игра. Естонците беа уште поочајни бидејќи меѓу третата и последната четвртина имаа период од 10:42 минути без постигнат поен. Сето тоа го испрати и ФИБА која на својата Твитер страница на оригинален начен ги истрола двете репрезентации откако беше постигнат првиот кош.
4th quarter so far: 🇱🇻 Latvia 2-0 Estonia 🇪🇪
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) August 29, 2025
Maris Verpakovskis scored both goals for Latvia.#EuroBasket
„Засега во четвртата четвртина: Летонија – Естонија 2-0. Марис Верпаковскис ги постигна двата гола за Летонија“, објави ФИБА.
Верпаковскис е поранешен летонски фудбалер и со 29 гола најефикасен играч во историјата на репрезентацијата на оваа балтичка земја. Под негово водство, Летонија во 2004 година се пласира на Европското првенство во Португалија што е нејзин единствен досегашен настап на големите натпреварувања.


