Европската кошаркарска организација ФИБА ѝ се заблагодари и ѝ оддаде признание на Кошаркарската федерација на Македонија за успешната организација на Европското кадетско првенство во машка конкуренција што се одржа во Скопје.
На ова натпреварување учествуваа вкупно 22 репрезентации кои одиграа 81 натпревар во текот на турнирот. Овој импресивен обем на учесници и одиграни средби уште еднаш ја потврдува способноста на нашата земја да биде достоен домаќин на најзначајните спортски настани.
Трудот и посветеноста беа препознаени и од ФИБА која упати пофалби за организацијата и за начинот на работа на нашата Федерација, а воедно беше врачена посебна плакета со признание за организацијата.


