Еден од најдобрите играчи во европската кошарка Пјерија Хенри доби дополнителна казна од ФИБА поради допинг скандалот.
Тој падна на допинг-тест минатата сезона, а денеска ФИБА го казни на вкупна од 48 месеци. Заедно со „одлежаниот“ период, тој ќе биде надвор од кошаркарските терени до 13 јануари 2027 година.
Како што стои во соопштението, Хенри е суспендиран поради употреба или обид за употреба на забранета супстанца. Наводно, тој немал позитивен примерок на допинг контрола, туку лажирал примерок од урина.
Во моментот на скандалот, Хенри беше член на Басконија, а кога ќе му помине суспензијата, ќе има полни 34 години.


