За екипата на Пелистер нема да има многу одмор пред првиот натпревар од финалната серија откако битолчани синоќа ја завршија пресметката со Работнички.
Првиот меч од финалето е закажан за сабота (18 мај) од 19:15 часот, на теренот на МЗТ Скопје кој минатиот викенд го одигра последниот дуел со ТФТ. Шампионот ќе ја има предноста на домашниот терен бидејќи основниот дел од сезоната го заврши на првото место и ќе се бори за својата 11. шампионска титула.
Пелистер по трет пат во низа ќе биде дел од финалето и пак за ривал ќе го има МЗТ Скопје од кого загуби претходните две сезони. Сепак, битолчани имаат причини за оптимизам бидејќи во основниот дел од сезоната два пати го победија бранителот на титулата.


