Шансите на финската репрезентација да се пласира на Олимписките игри во Париз драстично се намалија откако најдобриот играч Лаури Марканен соопшти дека нема да биде на располагање за квалификациите што ќе се одржат на почетокот на јули.
Кошаркарот на Јута Џез тврди дека не е подготвен да заигра за националниот тим и преку социјалните мрежи објасни што се случува.
„Минатата сезона беше долга, пролетва си поставив цел да бидам во полна форма до олимписките квалификации, но минатата недела добив проценка дека ќе бидам подготвен за игра дури во авхуст. Се разбира дека е тешко, за мене претставува голема чест да играм за Финска и цела година со соиграчите зборувавме за тоа колку би било убаво да се пласираме на Олимписките игри“, објави Марканен.
Репрезентацијата на Финска ќе игра на квалификацискиот турнир во Валенсија, а е во група со Полска и Бахами. Во другата група се наоѓаат домаќинот Шпанија, потоа Либан и Ангола.


