Суперѕвездата на финската репрезентација Лаури Марканен стана прв кошаркар на Европското првенство кој ја минал границата од 40 поени.
На вечерашниот меч против Велика Британија, тој постигна 43 поени со што го израмни својот рекорд на континенталните шампионати, а тоа е и десетти најдобар индивидуален резултат во историјата. Веројатно можеше да го нападне и рекордот на првенствата кој датира од 1957 година, но на теренот помина само 23 минути, со цел да се одмори за следните искушенија.
Финска победи со 109-79 за втор триумф на шампионатот со кој веќе обезбеди пласман во нокаут фазата. Марканен не се истакна многу во другите статистички категории, па затоа неговиот индекс изнесува 38 што не е најдобар ефект бидејќи Дончиќ вчера оствари 42.

Да постигнеше еден поен повеќе, Марканен ќе имаше петти најдобар скор на првенствата, а со четири ќе се израмнеше со Лука Дончиќ кој е на второто место и има најдобар ефект во 21. век.


