Суперѕвездата на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ ја игра статистички можеби најдобрата сезона во својата кариера, но и тоа не е доволно да избие во прв план кога станува збор за борбата за признанието за играч на сезоната.
И во овонеделниот пресек на НБА, тој се наоѓа на второто место, зад Шеј Гилџес-Александер од Оклахома Сити Тандер. Иако Канаѓанецот исто така игра фантастично, споредбата на двајцата кошаркари јасно ја истакнува предноста на Јокиќ.
Србинот има трипл дабл просек во досегашниот дел од сезоната: 30,2 поени, 13,4 скока и 10,1 асистенција, додека Гилџес-Александер постигнува по 32 поена, 5,3 скока и 6,1 асистенција. Веројатно повторно одлучувачки фактор е тоа што Оклахома е убедливо прва на Западот, а Денвер во моментов се наоѓа на четвртото место.
Зад нив двајца се Јанис Адетокунбо од Милвоки, Џејсон Тејтум од Бостон и Карл Ентони Таунс од Њујорк.


