Американската телевизија ЕСПН ги објави неформалните гласови во изборот за најкорисен играч во НБА лигата.
Според неа, Никола Јокиќ по трет пат во кариерата ќе го добие МВП признанието откако нему му припадна во 2021 и 2022 година. ЕСПН тврди дека Србинот убедливо ќе ја освои наградата бидејќи 85 од вкупно 100 анкетирани го избрале на првото, а 14 на второто место со што ќе има 327 бода пред второпласираниот Шеј Гилџес-Александер од Оклахома.
Третото место треба да го освои Лука Дончиќ, а по него следуваат Адетокунбо, Тејтум, Брансон, Едвардс, Ленард, Сабонис и Браун. Веројатно во конкуренција ќе беше и Жоел Ембид ако не се повредеше и не пропуштеше голем број натпревари поради што не е земен предвид во гласањето.
Со ваков развој на настаните, Јокиќ ќе влезе во друштво на Лери Бирд, Меџик Џонсон и Мозес Мелоун со три МВП награди. Пред него ќе бидат само Леброн Џејмс и Вилт Чембрлен со по четири, Мајкл Џордан и Бил Расел со по пет и Карим Абдул-Џабар со шест.


