Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ е едно од многуте засилувања на Олимпија Милано во новата сезона, а тој во неа, меѓу другото, ќе дебитира во Евролигата.
Подготовките веќе се почнати, кошаркарите вредно тренираат, додека клубот ги објави броевите со кои ќе настапуваат претстојната сезона. Димитријевиќ одлучи и во Олимпија Милано да го носи бројот 1, како што беше случај во Уникс претходните две сезони.

Претходно, додека настапуваше во Шпанија, во екипите на Хувентут и Валенсија, Нено играше со бројот 0, додека во македонската репрезентација ја носи „седумката“.


