Навивачката група на МЗТ Скопје, Фемили Аеродром повторно се израдува на уште еден голем успех на својот омилен тим.
Шампионот го одбрани трофејот во Суперкупот на Македонија откако го совлада Пелистер во Кале, а триумфот беше прославен со транспарент на кој пишуваше стих од еден познат македонски хит.

„Забава во сина светлина“, е стихот од песната „Ноќна кралица“ на познатата пејачка Ерзана Бериша, испеан во 1998 година.
Ова беше седми триумф на МЗТ Скопје во Суперкупот на Македонија, натпреварување во кое е убедливо најуспешен клуб.


