Навивачката група Фемили Аеродром утре сигурно ќе отпатува за Битола каде ќе го бодри својот тим во финалето од Купот на Македонија против Пелистер.
Раководството на битолскиот клуб прифати гостински фанови кои, за разлика од вчера, се уредно пријавени и ќе можат во живо да го следат мечот за трофејот. Во меѓувреме, по победата на МЗТ Скопје против Работнички, се огласи и Фемили преку социјалните мрежи.

„Вадете ги столчињата, доаѓаме“, порачаа навивачите на клубот од Аеродром кои ќе се обидат да му помгонат на својот омилен тим да дојде до 12. трофеј во Купот.
Првпат во историјата, во финалето од Купот на Македонија, МЗТ Скопје ќе игра против тимот на Пелистер.


