Полскиот прволигаш Шљонск од Вроцлав официјално е нов клуб на селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Александар Јончевски.
Од 18-кратниот шампион на Полска објавија дека нашиот стручњак потпишал договор до крајот на оваа сезона, со можност тој да биде продолжен на уште една година. Освен што ќе го води тимот во домашното првенство, пред Јончевски се и два меча во Лигата на шампионите на ФИБА каде екипата е на последното место во својата група, со теоретски шанси за пласман во следната фаза бидејќи е без победа по четири одиграни кола.
Jeżeli śledzicie ostatnio #KoszKadra, to będziecie kojarzyć tego Pana⬇️
— WKS Śląsk Wrocław – koszykówka (@WKS_SlaskBasket) December 1, 2024
🏀Aleksandar Jončevski nowym trenerem WKS-u!
Macedończyk podpisał umowę do końca sezonu 24/25 z możliwością przedłużenia o rok✍️
Więcej➡️https://t.co/BlSVRHNCTH
Witamy we Wrocławiu trenerze!#plkpl pic.twitter.com/O4MxQ4MFjC
Што се однесува до полскиот шампионат, Шљонск се наоѓа на десеттото место на табелата со биланс 3/5, но со оглед на тоа што е почетна фаза од сезоната, постои простор за напредок. Своето деби на новата функција, Јончевски ќе го има на 6 декември против Чарни Шљупск на гостински терен.
Шљонск Вроцлав ќе биде убедливо најпознат и најголем тим во тренерската кариера на Јончевски. Не само поради тоа што се работи за освојувач на 18 титули и 14 Купа на Полска, туку и затоа што е поранешен учесник во Евролигата. Последната шампионска титула ја освои во 2022 година, а минатата сезона испадна во полуфиналето од Трефл Сопот кој подоцна стана првак на Полска.


