Повратникот во тимот на Чаир, Девел Роби денеска доби поддршка од играчот на Бостон Селтикс, Џејсон Тејтум.
Фотографија на Роби во дрес на македонскиот прволигаш осамна на стори на Инстаграм профилот на еден од најдобрите кошаркари во НБА во моментов, а кој, меѓу другото, ќе биде стартер на претстојниот Ол стар натпревар во Индијанаполис.
Врската меѓу Роби и Тејтум е роднинска – двајцата кошаркари се, всушност, први братучеди и во постојан контакт.