Македонскиот стручњак Ѓорѓи Кочов вторпат оваа сезона ја водеше екипата на Кемниц на официјален натпревар и вторпат успеа да победи.
Кемниц славеше на гостувањето кај Рошток со 94-90 и остана на врвот на табелата во Бундеслигата иако со три натпревари повеќе од второпласираниот Баерн. Како и во декември, на дуелот против Вехта, првиот тренер Родриго Пасторе беше болен и не можеше да ја води екипата, па Кочов ја презеде одговорноста и ја заврши работата место него.
По 19 одиграни натпревари во германското првенство, Кемниц има биланс од 16 победи и три порази и ја игра најдобрата сезона во елитата во својата историја.






