Петти пат по ред и 11. во историјата, МЗТ Скопје е шампион на Македонија откако во финалето повторно го совлада Пелистер, со 3-0.
Новиот трофеј е освоен 15 дена по смртта на Марјан Михајловски Мац, вработен во клубот и еден од најверните навивачи во историјата на колективот од Аеродром и еден од основачите на навивачките групи Сервис Кру и Фемили Аеродром.
И во текот на плејофот, играчите и стручниот штаб најавија дека ќе играат за него, а утринава, клубот објави дека 11. шампионска титула му ја посветуваат нему. Сонот на Мац беше да го види МЗТ Скопје како најтрофеен во македонската кошарка, „штрковите“ сега се на само четири титули од Работнички и опасно го напаѓаат актуелниот рекордер.


