Андреј Јакимовски ја игра својата најдобра сезона во НЦАА, а тоа се огледа и во резултатите на Вашингтон Стејт.
Синоќа, на дуелот против УКЛА, македонскиот репрезентативец имаше поддршка од трибините и тоа не од кого било, туку од членовите на неговото семејство. Присутни беа неговата мајка Билјана, брат му Грегориј (исто така кошаркар и младински репрезентативец на Македонија) и девојката Јована.
Тоа го одбележа дури и режисерот на преносот од мечот во Пулман кој ги претстави најблиските на Јакимовски пред американската јавност.