Иако од Партизан нема официјална објава за договорот на Двејн Вашингтон, кошаркарот кој до минатата сезона настапуваше во НБА сам го направи тоа преку социјалните мрежи.
Тој потврди дека во новата сезона ќе го носи „црно-белиот“ дрес, а со оглед на тоа што две години настапуваше во НБА, се очекува да биде големо засилување.
View this post on Instagram
„Нов дом! Брате“, напиша Вашингтон на Инстаграм под негова монтирана фотографија во дресот на Партизан.
Американецот со германски пасош е комбо бек кој првпат во кариерата ќе игра во Европа. Настапувал во Индијана и Феникс, а последен тим му е Њујорк Никс, поточно филијалата Вестчестер.


