Она што се случи во Кале во саботата е заборавено и играчите и навивачите на Работнички денеска заедно се загреаја за она што следува во вториот полуфинален натпревар од домашниот плејоф, против Пелистер.
Сити Парк Бојс вечерва присуствуваа на тренингот на Работнички во Кале и им дадоа силен ветер в грб на кошаркарите.

„Јас ти верувам“, пишуваше на големиот транспарент со кој најзагреаните навивачи го поддржаа тимот на Горан Самарџиев пред утрешниот втор меч од серијата со актуелниот вицешампион на Македонија.
Пелистер води со 1-0 по брејкот во саботата во Кале, па Работнички нема друг избор освен утре да победи и да израмни.


