Репрезентацијата на Франција славеше во дуелот на поранешните европски шампиони откако ја совлада Словенија со 103-95.
Повторно во центарот на вниманието беше Лука Дончиќ кој за малку не стигна до трипл дабл, постигнувајќи 39 поени, 9 асистенции и осум скока, но на спротивната страна имаше добар одговор во Силвен Франсиско кој изненади со 32 поена,.
Sylvain Francisco qui score pour le point-différentiel en toute fin de match 😭😭😭😭pic.twitter.com/Dam6vVqMfN
— TrashTalk (@TrashTalk_fr) August 30, 2025
Сепак, токму Франсиско предизвика хаос во последните секунди со еден свој неспортски потег. Имајќи предвид дека беше јасно дека Франција ќе слави, тој веќе се поздрави со Лука Дончиќ, а потоа, на општо изненадување, непречен од никого тргна на влез и постигна поени. Во такви случаи топката се остава на под, играчите на двете репрезентации се поздравуваат и натпреварот завршува.
Потегот на Франсиско ги изнервира словенечките репрезентативци кои го нападнаа, па дојде до мешаница во која се вклучија и играчите од клупата. Судиите поради тоа донесоа неколку ригорозни одлуки, исклучија четворица кошаркари, а последната секунда траеше десетина минути.
Франсиско ја призна грешката и се извини, но веќе беше доцна бидејќи предизвика хаос кој можеше да се претвори во масовна тепачка.


