Атланта Хоукс полесно од очекувањата излезе на крај со Бруклин, совладувајќи го со 133-109, а мечот го одбележа првиот пик на ланскиот драфт Закари Ризаше.
Францускиот интернационалец беше најефикасен играч на мечот и постигна 38 поени (9/9 за два, 6/11 за три, 2/5 од линијата за слободни фрлања), плус четири скока, две асистенции, две украдени топки и две блокади. Тоа е негов рекорд на кариерата и рекорд меѓу дебитантите во НБА оваа сезона.
Сепак, она што е уште поважно, Ризаше синоќа му се придружи на легендарниот Ален Ајверсон по едно историско достигнување. Само тие двајца досега успеале да постигнат 35+ поени и 5+ тројки на повеќе од еден натпревар во дебитантската сезона.
Ризаше можеби не е атрактивен како неговиот сонародник Виктор Вембанјама, но секако има потенцијал да направи добра кариера во НБА.


