Репрезентацијата на Франција е еден од најголемите фаворити за титулата на претстојните Олимписки игри што ќе ги игра на домашен терен, но ако се земат предвид последните резултати, овој епитет не ѝ прилега многу.
И покрај тоа што имаат светска мега-ѕвезда во Виктор Вембанјама, „триколорите“ го пречекуваат олимпискиот турнир со четири порази во низа, сите доживеани на домашен терен. По победите против Турција и Германија, Франција загуби во вториот тест со Германија, потоа од Србија, Канада и синоќа од Австралија.
На Олимписките игри, француската репрезентација е во групата Б, заедно со Германија, Јапонија и Бразил.


