Родениот Камерунец, Жоел Ембид одлучи да не игра за својата „матична“ репрезентација, туку среќата да ја побара на друго место, а по долго размислување, изборот падна на САД.
Минатата година објави дека ќе игра за американската селекција и покрај тоа што долго се шпекулираше дека ја избрал Франција. „Триколорите“ беа подготвени на секакви отстапки за да го видат во своите редови, а откако тој ги извиси, жестоко удрија по него.
„Американската репрезентација Ембид, кој може да ги победи: Никој. Тоа е најлесен пат до медал. Во Франција можеше да игра покрај Гобер и Вембанјама и немаше да има никаков проблем. Сите тројца во една екипа ќе беше навистина нешто посебно, затоа сум разочаран“, изјави претседателот на Кошаркарската федерација на Франција, Жан-Пјер Сиутат.
Во меѓувреме Ембид се повреди и во моментов е на пауза која според некои извори ќе трае до почетокот на плејофот, но не е исклучено за Ембид да е завршена оваа сезона.