Довчерашниот суперлигаш Ангели во новата сезона ќе влезе со нов тренер откако Игор Гацов ја напушти функцијата, по четири години на неа.
Клубот од Кисела Вода, познат по тоа што се потпира на домашни и млади играчи, претстојната натпреварувачка кампања ќе ја помине во Првата лига, а екипата ќе ја води досегашниот асистент Златко Мокров. Станува збор за искусен стручњак кој во минатото работеше и во Работнички, Вардар и Академија ФМП, а добро ги познава Ангели бидејќи неколку години беше во стручниот штаб.
Меѓу другото, Мокров ќе ја води и У20 селекцијата на Ангели што значи дека го очекува многу работи претстојната сезона.


