Екипата на Партизан ја оствари четвртата победа во низа откако вечерва на домашен терен го понижи европскиот првак Панатинаикос.
„Црно-белите“ триумфираа со 91-73 за вкупно шести триумф во сезонава во Евролигата. Против Панатинаикос ја потврдија одличната форма бидејќи особено во второто полувреме не постоеја никакви надежи за грчкиот тим дека може да стигне до победа во Белград.
ПАО беше во игра до почетокот на второто полувреме кога намали на 39-44. Следуваше серија од 8-0 за до крајот на третиот период Партизан да отиде и на +15 (64-49). Највисоката предност за домашниот тим изнесуваше 21 поен (79-58) по што стана јасно дека Панатинаикос ќе доживее дебакл и ќе го претрпи шестиот пораз сезонава, трет во последните четири натпревари.
Карлик Џонс беше најефикасен со 18 поени, Браун постигна 17, а Џонс оствари дабл дабл со 12 поени и 10 скока. Слукас беше прв стрелец на Панатинаикос со 15 поени.


