Екипата на Црвена Звезда го доживеа третиот пораз во низа и четврти на последните пет меча во Евролигата откако вечерва загуби на гостувањето кај Хапоел Тел Авив со 78-84.
Израелскиот тим првпат играш во „татковината“ иако не во Тел Авив, туку во Ерусалим, но сепак ја задржа лидерската позиција со 12. победа во сезоната. До неа стигна мошне тешко, по голема борба и благодарение на подобрата игра во финишот.
Звезда го имаше расположениот Батлер кој постигна 27 поени, но тој немаше помош од соиграчите, особено во клучните моменти. Кај Хапоел блескаше Илајџа Брајант кој постигна рекорд на кариерата со 28 поени на кои додаде девет скока и пет асистенции.
Од 16. коло во Евролигата, за издвојување е победата на Панатинаикос на гостувањето кај Фенербахче со 81-77, како и на Валенсија исто така на гости, кај Олимпијакос, со 99-92.
РЕЗУЛТАТИ
Дубаи – Макаби 95-97
Фенербахче – Панатинаикос 77-81
Хапоел – Црвена Звезда 84-78
Олимпијакос – Валенсија 92-99
Олимпија Милано – Реал 89-82


