На две недели пред почетокот на новата сезона, НБА ја направи традиционалната анкета на генералните менаџери во која тие прогнозираат кој ќе ја одбележи претстојната натпреварувачка кампања.
Најинтересна е прогнозата за МВП на сезоната. Генералните менаџери не веруваат дека Никола Јокиќ ќе ја продолжи својата доминација и му даваат само 7% шанси да дојде до четвртото вакво признание. Со 7% се и Жоел Ембид од Филаделфија и Џејсон Тејтум од Бостон.
Изненадување е тоа што генералните менаџери не веруваат ни во Лука Дончиќ кој се најде на второто место со 30% гласови, а најголем фаворит според нив е играчот на Оклахома, Шеј Гилџес Александер. Колкаво влијание имаат генералните менаџери при крајниот исход, најдобро зборува тоа што лани 43% од нивните гласови беа за Јокиќ и Србинот на крајот навистина беше прогласен за МВП.


