Дека успехот на сениорската репрезентација на Германија која лани стана светски првак не бил случаен, покажа јуниорската селекција на оваа земја.
Младите Германци вчера станаа европски шампиони во У18 конкуренцијата откако во финалето на првенството во Тампере ја совладаа Србија со 93-83. Германија одлично го отвори натпреварот, водеше со 22-6 по само пет минути игра, па Србите во натамошниот дел од мечот го бркаа резултатот.
Во втората четвртина беше 47-27, но до полувремето, благодарение на расположениот Саво Дрезгиќ, „орлите“ намалија на само шест поени (45-51). Во третиот период беше 57-56, но тоа беше најблиску што се доближија младите српските кошаркари до победата. Германија повторно се оддалечи и без поголеми проблеми дојде до победата и до првата титула во својата историја.
Бронзениот медал го освои Словенија која во мечот за третото место беше подобра од Израел. За МВП на првенството е прогласен израелскиот репрезентативец Бен Сараф кој е и најдобар стрелец со просек од 28,1 поен по натпревар.
Во Б-дивизијата се селат репрезентациите на Хрватска, Финска и Данска, а нивните места ќе ги пополнат Македонија, Австрија и Бугарија.


