Репрезентациите на Германија и Франција ѝ се придружија на Канада во топ-8 фазата откако актуелниот светски шампион вечерва беше подобар од Бразил.
И покрај израмнетото прво полувреме кое заврши со 40-40, Германија на крајот славеше со 86-73, па во последното коло, против Франција ќе се бори за првото место во групата. Во третиот период, Германците направија две серии од по 7-0 и по 30 минути игра веќе водеа со 60-51. Бразил тотално падна во последниот квартал, играше само Јаго дос Сантос, а тоа беше премалку да се совлада планетарниот првак.
Шрудер ги предводеше Германците со 20 поени, додека Јаго дос Сантос постигна 18 поени на кои додаде 8 асистенции (сите во првото полувреме) и 4 скока. За да ги задржи теоретските шанси за пласман во топ-8, Бразил во последното коло мора да ја победи Јапонија.


