Кошаркарскиот клуб Кожув од Гевгелија ја доби организацијата на завршниот турнир во У20 лигата. откако се пријави и се стекна со правoтo да биде домаќин на финалниот турнир од ова натпреварување.
Утврден е и распоредот на натпреварите кои ќе се играат во спортската сала „26 Април“ во Гевгелија. Полуфиналните натпревари на кои ќе се сретнат: Вардар – Феникс, односно Водно санс-Кожув, ќе се играат на 16 мај (сабота).
Следниот ден, 17 мај (недела), на распоред се натпреварите за третото место, односно големото финале по кое ќе биде познат шампионот во оваа категорија.
ФИНАЛЕН ТУРНИР М20 ЛИГА-МАЖИ
ПОЛУФИНАЛЕ – ДВОЈКИ
16 МАЈ (САБОТА)
16.00: Вардар – Феникс 2010
18.30: Водно санс – Кожув
17 МАЈ (НЕДЕЛА)
НАТПРЕВАР ЗА ТРЕТО МЕСТО
16.00: Поразен 1 – Поразен 2
ФИНАЛЕ
18.30: Победник 1 – Победник 2
*Сите натпревари ќе се играат во спортската сала „26.април“ во Гевгелија


