Грчката репрезентација настапува драстично ослабена на турнирот на Кипар бидејќи во тимот го нема најдобриот играч Јанис Адетокунбо.
Тој воопшто не отпатува во Лимасол, а дел од кошаркарските фанови беа во неизвесност дека не е во конкуренција поради повреда. Селекторот Василис Спанулис не сакаше да ги открие причините за неговото отсуство, само рече дека најверојатно тој нема да биде во комбинација ни за мечот против Црна Гора во Солун, в четврток.
Не е исклучено, причините за неиграњето на Јанис да се поврзани со негов можен трејд ова лето. Се почесто се зборува за негово заминување од Милвоки Бакс, а најчести се шпекулациите за премин во Голден Стејт Вориорс.
Засега нема официјални информации ни од Адетокунбо, ни од Вориорс, но постои голема веројатност најдобриот грчки кошаркар да му се приклучи на националниот тим непосредно пред Европското првенство.


